По нецели 24 часа, Туре по отказот во Олимпијакос се пресели на Островот: Дали е ова најава…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот играч за врска, Јаја Туре, вчера заработи отказ во грчки Олимпијакос.

Овој 35-годишен фудбалер само три месеци мина во тимот од Пиринеите, кој меѓутоа одлучи да му го раскине договорот по само пет одиграни меча.

Туре веднаш по отказот се врати во Англија. Пристигна во Лондон каде има куќа, но на Островот планира и да остане и да ја продолжи кариерата.

Искусниот фудбалер ќе чека понуди од Англија. Веќе одби понуди од Кина и САД, бидејќи нема намера да замине надвор од Велика Британија.

Туре изминатите осум години ги мина во Манчестер Сити со кој освои три трофеи во англискиот шампионат, а претходно настапуваше и за Барселона, Монако, Металург Донјецк и Беверен.