По 5 години соработка: Нема повеќе кинески „џорданки“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По 5 години долго судење, на највисокиот судски орган во Кина е донесена одлука во корист на Мајкл Џордан во спорот со еден кинески произведувач на спортска опрема.

Легендарниот кошаркар од 2012 се обидува да го одземе правото на компанијата „Киодан спортс“ да произведува спортска опрема на кое без дозвола се користи неговото „кинеско“ име Киодан.

По неколку жалби низ судовите, Џордан сега ја има и пресудата на кинескиот Врховен суд во кој беа поништени претходните пресуди и во која пишува дека оваа компанија во иднина ќе мора да го смени логото и името на опремата.