Прва победа за Шкендија на пријателските натпревари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија во пријателски натпревар ја запиша првата победа на подготовките во Анталија, а совладана беше Подбрежова со 2:0.

Томас Брдариќ денес се израдува на првиот триумф. Ферхан Хасани во првото и Шпенд Асани во второто полувреме постигнаа по еден погодок и му донесоа победа на Шкендија, 2:0.

До крајот на подготовките, македонскиот прволигаш го очекува уште еден тест натпревар.