Предводникот на „Црвените“ призна: Имам едно селфи во телефонот и тоа е со Лео Меси, додека Роналдо извиси…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот стратег, Јирген Клоп познат е по своите интересни изјави, а овојпат се најде во центарот на вниманието поради Лионел Меси.

Клоп во својата изјава за Ливерпул ТВ дојде до центарот на вниманието откако откри дека во својот мобилен телефон има само едно селфи. Многумина помислија дека тоа е со некој од играчите на Ливерпул или од неговото семејство, но останаа без текст кога истакна дека тоа е со Лео Меси.

Германскиот стратег изјави дека тоа е единствено селфи кое го има иако често се слика со играчите на „Црвените“. Но, порача дека тоа не го прави со својот телефон бидејќи играчите од него повеќето бараат фотографии. Но, очигледно дека Меси е единствен од кого Клоп побарал да се сликаат.

„Само од еден играч сум побарал да се сликаме. На својот мобилен телефон имам едно селфи и тоа со Лео Меси. Исто така и Кристијано Роналдо во тој момент беше со нас во истата просторија, но…“, истакна низ насмевка тренерот на Ливерпул.