Пред 13 години започна бајката: На денешен ден светот го запозна Меси

    „Аргентинецот Лионел Меси, играч на младата екипа на Барселона, можеше да дебитира за сениорскиот тим на вечерашниот натпревар кај Порто, кој го отвора својот нов стадион Драгао.“, беше кажано пред 13 години, на 16-ти ноември 2003 година.

    Во тоа време Барселона, која беше предводена од Лапорта и Рајкард, се крена по големиот пат претходните години, а беше во тешка финансиска ситуација и гостувањето го прифати за многу помалку пари отколку што е тоа случај денес.

    Порто тогаш даде 250.000 евра без проблеми, бидејќи за разлика од Барселона, беше во голем поход.

    Воден од Мурињо ја зема двојната португалска круна и го освои УЕФА купот, а одеше на титула во ЛШ.

    Тогашниот тренер на Каталонците, Рајкард во Порто го испрати „Ц“ тимот со млади играчи, во кој првотимци беа само Чави и Маркез, како и Енрике, кој беше на крајот на кариерата.

    Натпреварот беше лош, а Порто победи со головите на Дерлеи и Алмеида.

    Сепак, најважниот момент се случи на крајот на натпреварот, кога Меси со само 16 години и 145 денови го замени Фернандо Наваро.

    Штом влезе во игра, тој ги полуде играчите на Порто со неколку одлични дриблинзи.

    Имаше шанса и за гол, но наместо да испрати удар, тој одбра да тргне накај голот.

    Се после тоа е историја и најубава бајка која сеуште трае…