Премиер лига добива голема сума на пари: Кинезите ги купија ТВ правата!

    Елитниот фудбал во Англија уште еднаш се покажа како вистинска фабрика за пари.

    Водството во ПЛ ги продаде тв правата на Кина за 700 милиони долари и тоа на три години со почеток од сезоната 2019/20.

    Тоа е најголем таков договор надвор од Англија. Досега рекордот го држеше „NBC“ кој на ПЛ и плати милијарда долари, но за 6 години.

    „Договорот сеуште не е потпишан, но веруваме дека се договоривме.“

    Моменталниот сопственик на тв правата за натпревари од англиското првенство во Кина е „Супер Спорт Медија“, а договорот е вреден 200 милиони евра и завршува во 2019-та година.

    Според последните истражувања, англиските фудбалски клубови во Кина имаат повеќе од 170 милиони навивачи.

    Англиски „Скај Спортс“ за правата на натпреварите од англиското првенство од 2016 до 2019 плати 5 милијарди евра, „Британски Телекомуникации“ 1.2 милијарди евра додека „BBC“ плати 230 милиони евра.