Пресврт во Минхен: Баерн нема да го откупи Хамес, Колумбиецот се враќа во Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен нема да го откупи Хамес Родригез, па Колумбиецот на лето ќе се врати во Реал Мадрид, барем така пишуваат шпанските медиуми.

Родригез пред неколку дена ги скина лигаментите во левото колено и сега ќе мора да паузира одреден период.

Инаку, Колумбиецот не е задоволен со минутажата во актуелниот германски шампиони бидејќи сезонава настапи на само пет натпревари.

Родригез во Баерн пристигна во 2017 година на двегодишна позајмица, но очигледно екипата од Минхен сега не сака да плати 35 милиони евра за негов откуп.