Пресврт во случајот со Адриен Рабио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Франција пренесуваат дека Адриен Рабио би можел да го продолжи договорот со ПСЖ во следните неколку недели.

Францускиот играч од средниот ред кој беше поврзуван со трансфер во Барселона, Манчестер Сити и Јувентус веќе одби неколку понуди од ПСЖ за продолжување на соработката, но сега изгледа дека сите недоразбирања се надминати помеѓу клубот и претставниците на фудбалерот.

23 годишниот фудбалер ќе потпише нов тригодишен договор кој ќе го задржи на „Паркот на принцовите“ до 2022 година.