Пресврт и победа на Камерун против Гвинеја Бисау (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Камерун ја победи Гвинеја Бисау со 2:1 во натпревар од второто коло од групата А на АКН.

Гвинеја Бисау стигна до водство во 13-та минута кога Пикети ја затреси мрежата на Камерун. Со минимална предност Гвинеја замина на полувреме.

Се играше 61-ва минута кога Сиани погоди за израмнување. Десет минути пред крајот на натпреварот Нгадџуи донесе пресврт и победа на Камерун, 2:1.