Претставници на Милан се сретнале со напаѓачот на Челси


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач од редовите на Челси, Алваро Мората имал вечера со претставниците на Милан, Марко Фасоне и Масимо Мирабели во Лондон.

Од Милан се подготвени да платат околу 60 милиони евра за неговите услуги. Италијанскиот тим го посакуваше Мората и во ланскиот преоден рок, но тој тогаш се пресели во Челси.

Од Челси незадоволни од неговата игра се решија да го продадат, а Милан повторно се јави како клуб кој би можел да го добие неговиот потпис.