Приказната на Конор Мекгрегор: Од сиромашен водоинсталатер до УФЦ шампион (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот ирски борец Конор Мекгрегор по којзнае кој пат го шокираше светот, откако на своите 30 години реш да замине во пензија и да се откаже од УФЦ, а тоа го објави на својот Твитер профил.

Најпознатото лице на УФЦ вели дека нема повеќе да се враќа во ММА-рингот, па така спортот останува без една од најпопуларните личности.

„Денеска решив да се простам од ММА. На сите поранешни колеги им посакувам среќа во натпреварувањата, а јас се приклучувам на останатите кои се во пензија“, напиша Мекгрегор.

Мекгрегор е роден на 14 јули 1988 година во Даблин. Живееше во скромни услови со родителите и две постари сестри. Таткото Тони, кој работеше како таксист, во едно интервју кажа дека не сонувал дека Конор ќе стане професионалец борец.

Ирецот како дете тренирал фудбал, а настапувал за клубот Лурд Селтик, па на само 12 години почнал да тренира и бокс.

Кога во 2006 година со семејството се преселил во Лукан, Мекгрегор почнал да тренира боречки вештини. За да преживее, почнал да работи како водоинсталер, а примал и социјална помош.

Бил одличен во аматерските борби, а во 2008 година го имал професионалното деби, па го нокаутирал ривалот во втората рунда. Од 2011 до 2012 година имаше победничка серија од осум меча, па стана шампион во перо-категорија.

На почетокот на 2013 година потпиша договор со УФЦ. Беше втор Ирец, кој потпишал договор за настап во ултимејт-фајтинг. Дебитираше во броба против Маркус Бримаж.

Интересно, за да отиде на борбата морал да земе 188 евра, колку што изнесувала социјалната помош. Го нокаутирал противникот и тогаш почнува неговиот успех.

На 12 ноември 2016 година во УФЦ-борбата 205, Мекгрегор го порази Еди Алварез во втората рунда, со технички нокаут и стана шампион во УФЦ во лесна категорија.

На 26 ноември 2016 година УФЦ издаде известување во кое беше наведено дека Мекгрегор ја препушти шампионската титула на Хозе Алдо поради неактивност во перо-лесна категоријата.

По освојувањето на титулата во лесна категорија, Ирецот направи пауза во УФЦ-борбите и се посвети на промовирање на својот прв професионален боксерски меч против Флојд Мејведер, кој беше одржан на 26 август 2017 година.

Само два дена пред почетокот беше објавено дека ќе се борат за заработка од 100 милиони долари. Пред повеќе од 14.000 гледачи, Мекгрегор беше поразен со технички нокаут во десетата рунда. Конор ја загуби борбата и доби 30 милиони долари.

На шести октомври 2018 година беше одржана УФЦ 229 борба во која Мекгрегор се бореше против актуелниот светски шампион во лесна категорија, руската ММА-ѕвезда, Хабиб нурмагомедов.

Мекгрегор го предаде мечот во четвртата рунда, откако Нурмагомедов успеа да го фати околу вратот, по што беше создаден хаос и двајцата борци беа суспендирани. Нурмагомедов тогаш ја скокна оградата на рингот и тргна да се тепа со луѓе во публиката.

Мекгрегор за учество доби три милиони долари, а пред дуелот се очекуваше неговата вкупна заработка да биде поголема од 50 милиони. По инцидентот Мекгрегор беше суспендиран на шест месеци.

Ирецот се подготвуваше за нов дуел, па се споменуваа повеќе имиња, а еден од нив беше „Каубој“, но очигледно такво нешто нема да се случи.