Прима 2.5 голови по натпревар, а ќе добие понуда од Баерн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат вест дека Баерн во летниот преоден рок ќе тргне во мисија да донесе нов голман.

Секако, Ноер останува прв избор помеѓу стативите, но заминувањето на Улрајх ќе го натера Баерн да донесе нова замена.

Медиумите пишуваат дека изборот паднал на Сиригу,  голманот на ПСЖ кој моментално брани на позајмица во Осасуна.

Иако на 11 натпревари прими дури 27 голови, Сиригу на лето ќе добие понуда од Баерн кој ќе му понуди 2-годишен договор.

Доколку тој се согласи на понудата, ќе стане член на еден од најдобрите клубови во Европа, но секако дека ќе може да заборави на сериозната минутажа.