„Пријателско дерби“ на Ливерпул и Евертон: Најголем број на црвени картони!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Мерсисајд дербито“ не спаѓа помеѓу најбурните фудбалски дуели во светот, а дури е познато и како „пријателско дерби“ поради меѓусебната почит на навивачите на 2-та клубови кои ја имаат меѓу себе, меѓутоа темпераментот  на играчите си го прави своето.

На листата на дуели во ПЛ на кои беа видени најголем број црвени картони, прво место го завзема токму ова дерби во Ливерпул.

„Сините“ и „Црвените“ играат по 49-ти пат, а на претходните 48 натпревари беше виден рекорден број на црвени картони и тоа 21.

Рамиро Фунес Мори „поцрвене“ на минатиот натпревар, Кирјакос и Пиенар во 2010 беа испратени пред време во соблекувалната, а во дуелот од 1999 година беа додели дури 3 црвени картони на Џерард, Вестервелд и Џеферс.

Меѓу најострите дуели во ПЛ, Евертон и Ливерпул се појавуваат на три место. Втор по број на картони е дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул(16 црвени), потоа следи Евертон-Њукасл(15), 4-ти е Ливерпул – Њукасл со 14 и Челси и Евертон со 13 црвени картони.