Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Актуелниот англиски шампион, Лестер оваа сезона се бори за опстанок.
Минатата година тие успеаа со Раниери да направат чудо.
Стигнаа до титулата во Англија, а оваа сезона играат многу лошо и имаат само 2 бодови повеќе од зоната на испаѓање.
Никој во клубот не се чувствува добро поради тоа, а тоа го призна и Дени Симпсон.
„Се распаѓаме. Сите во соблекувалната се чувствуваме исто.“
„Едноставно мора да се извлечеме. Тешко ни е, ќе се бориме и сите сме со клубот. Имаме голема поддршка од навивачите, а тоа многу ни значи.“
Лестер ќе играа против Манчестер Јунајтед и сигурно е дека тие тешко ќе стигнат до бодови во овој натпревар.
Лестер во моментов е на 16-то место со 21 бод, а имаат 3 порази по ред.