Проблеми за организаторите во Кранс-Монтана


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По СП во Сент Мориц, беа одложени комбинациите во Алтенмаркт во женска категорија, а денес во Кранс-Монтана требаше да се одржи дополнително.

Проблемите започнаа на почетокот на трката. Успеаа да започнат само 3 скијачки: Илка Штухец, Ворли и Фојерабенд.

Денис Фојерабенд доживеа тежок пад поради кој најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната.

Организаторите поради безбедност на скијачките одлучија да ја прекинат трката и да ја одложат за подоцна во денот.

Второто возење во комбинација е од 14:30.