Проблеми за ПСЖ: Белгиец одби да се пресели во Париз!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ најави дека ќе биде активен зимава на трансфер-пазарот, а прва мета беше Алан од Наполи, кој бараше 80 милиони евра за неговите услуги.

Потоа се посветија на Муса Дембеле од Тотнем, за кој веруваа дека ќе успеат да го убедат да се пресели во Париз, а не во Кина, но не успеаа во тоа.

Парижаните разгледуваат неколку опции на средината на теренот, откако јасно стана дека Адриен Рабио ќе го напушти клубот наредното лето како слободен фудбалер.

Рабио до тогаш ќе биде надвор од првиот тим и нема да конкурира за натпреварите, а тоа му ја отежнува работата на Томас Тухел.