Проблем за Баерн, важен играч ја заврши сезоната?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова може да биде огромен проблем за Карло Анчелоти, пред продолжувањето на сезоната и пред најважните мечеви во Лигата на шампионите, Купот на Германија и Бундеслигата.

Баерн е на добар пат да ја оствари својата цел, а таа е да се освои се што може да се освои.

Во рамките на Лигата на шампионите во четвртфиналето играат против Реал Мадрид, во купот на Германија се во полуфиналето каде што ќе играат против Борусија Дортмунд, додека во Бундеслигата практично ја осигураа шампионската титула.

Сепак, продолжуваат и првите проблеми, а тоа се проблеми со повреди.

Имено, Даглас Коста се повреди, се работи за повреда на рамото, па е прашање кога ќе може повторно на терен.

Првите прогнози не се добри, најверојатно ќе мора на операција, а доколку тоа се случи, сезоната за него е готова.

Одлуката дали мора на операција ќе биде донесена во текот на следната недела.