Продолжува позитивната серија: Македонија со лесна победа против Лихтенштајн (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија ја забележа третата победа во исто толку натпревари во Лигата на Нациите откако со 4:1 го совлада Лихтенштајн.

Серијата погодоци ја отвори Александар Трајковски уште во 10. минута по една одлична акција на нашата репрезентација. Истиот играч зголеми на 2:0 во 30. минута, а само шест минути подоцна Пандев зголеми на 3:0.

ml2 от rutube_account_1470502 на Rutube.

mk-li-3-0 от rutube_account_1470502 на Rutube.

Веднаш по голот на Пандев следеше гол за репрезентацијата на Лихтенштајн преку Сејхан Јилдиз.

Во второто полувреме Македонија продолжи да доминира но постигна само еден погодок преку Џани Алиоски кој ја затресе мрежата на Бухел во 67. минута.

Македонија по киксот на Ерменија и поразот од Гибралтар е пред портите на плеј-офот, последната пречка пред пласман на Европското првенство.