ПСЖ го прегази Каен, четири гола на Кавани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првиот натпревар од 5 коло од француското првенство Пари Сен Жермен во гости го совлада Каен со дури 6:0.

Парижаните прашањето на победникот во овој меч го решија веќе во првото полувреме кога е завршено со четири гола во мрежата на Каен.

Тоа можеби и не би било толку чудно ако сите четири погодоци за Пари Сен Жермен не ги постигна Кавани.

Уругвајскиот напаѓач прво мрежата на Каен ја затресе во 12 минута.

Водството го дуплираше девет минути подоцна, а потоа и во 38 и 45 минута ги постави конечните 4:0 во првото полувреме.

Пари Сен Жермен доминираше и во продолжението на натпреварот, а нов погодок се чекаше се до 67 минута.

Овој пат во листата на стрелци се запиша Лукас, а потоа во финишот на натпреварот Огустин погоди за 6:0.

Со оваа победа Пари Сен Жермен се врати на врвот на табелата со девет освоени бод, колку што имаат Монако и Ница.