Пуј лесно го среди Лоренци за финале во Будимпешта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукас Пуј во полуфиналето на АТП турнирот во Будимпешта го победи Паоло Лоренци со 2:0 во сетови.

Французинот во првиот сет направи два брејка, во првиот и третиот гем. Пуј беше сигурен на својот сервис и после 26 минути игра имаше водство од 1:0 во сетови, 6:2.

Двата тенисери во вториот сет беа сигурни се до резултат 5:5. Пуј го одзеде сервисот на Лоренци и стигна до водство, 6:5. Французинот не дозволи изненадување на својот сервис и победи, 7:5.

Пуј во финалето на АТП турнирот во Будимпешта ќе игра против Аљаж Бедене.