Рабио конечно „пресече“, познато каде ќе ја продолжи кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека Адриен Рабио речиси сигурно во јануарскиот преоден рок ќе се пресели во редовите на Барселона.

23 годишниот играч од средниот ред игра клучна улога во тимот на ПСЖ, но веќе одби неколку богати понуди од парижаните за продолжување на соработката.

За него постои сериозен интерес од неколку клубови ширум Европа, но по се изгледа Барселона на крајот ја доби битката и во јануарскиот преоден рок за „мали“ пари ќе го добие неговиот потпис.