Работнички ремизираше на првиот контролен натпревар

Екипата на Работнички ремизираше на првиот контролен натпревар во Словенија против албанскиот Скендербек.

„Романтичарите“ против некогашниот член во Лигата на  шампионите одиграа интересен натпревар кој заврши со резултат 1:1.

Двата гола беа постигнати во вториот дел, најпрво Липај од пенал го отвори резултатот во 76 минута, а реми за Работнички само минута подоцна донесе новиот фудбалер на клубот, Флоријан Кадриу.