Разделбата и повеќе од извесна: Солскјер го „отпиша“ напаѓачот вреден 90 милиони…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека работите одат во надолна линија за Ромелу Лукаку. Донесен е како огромно засилување, беше помалку или повеќе стандарден, но од пристигнувањето на Солскјер, работите се променија.

Пред се, Норвежанецот го гледа Рашфорд како централен напаѓач, па Лукаку е резерва, последните потези покажуваат дека Лукају добива шанса на лажичка. Ги почна третина од натпреварите од промената на клупата, за разлика од натпреварите под Мурињо кога стартуваше во близу 80% од натпреварите.

Лукаку против ПСЖ доби шест минути, кај Мурињо беше недопирлив, а Португалецот тврдеше дека неговиот учинок за обичниот навивач е тешко видлив поради сите работи кои ги прави во дефанзивата.

Солскјер смета дека Лукаку е неподвижен за она што планира да го направи, дека е класичен центарфор, додека Рашфорд е доста поактивен во нападот и создава повеќе простор за соиграчите.

Лукаку сепак ќе игра во понеделник бидејќи Марсијал и Лингард се повредени, па Рашфорд веројатно ќе мора да оди на крило, а потоа се отвора место за Лукаку. Но, многумина сметаат дека Белгиецот ќе се обиде да замине, тој го обвини Раиола, но ќе има понуди, се зборува дека Интер, ако замине Икарди, управо цели кон Лукаку како замена.

Само, нему цената му падна, за потсетување, Евертон е платен 90 милиони, сега е јасно дека „Ѓаволите“ тие пари од трансферот не можат да ги вратат во каса.