Раиола завршува уште еден сензационален трансфер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку може да го напушти Евертон во летниот преоден рок.

Нова дестинација може да биде Челси, клуб кој практично го избрка пред неколку години.

Лукаку одби продолжување на верноста со тимот од Гудисон Парк, иако неговиот агент Мино Раиола тоа го најави.

Тоа може да значи дека Лукаку сака заминување од клубот и дека е спремен за поголем предизвик, што Челси може да му пружи.

Истотака, неговата висока цена ќе значи и нова добра провизија за Раиола.

Белгиецот во 2011 година како 18-годишен стигна на Стенфорд Бриџ за 20 милиони евра од Андерлехт.

За Сините одигра 10 натпревари, но поголем дел од кариерата ја помина во ВБА и Евертон, чиј член официјално стана во 2014 година.

Во оваа сезона Лукаку игра одлично и моментално со Хари Кејн се први стрелци во ПЛ со 19 голови.