Ракитиќ отворен за трансфер во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ е подготвен да си замине од Барселона и да се пресели во Премиер лигата.

Хрватскиот интернационалец од средниот ред побара зголемување на платата за да остане во клубот, но од Барселона нема да форсираат нов договор и ќе му дозволат да си замине.

„Каталонците“ се решиле на ваквиот потег затоа што веќе го обезбедија потписот на Френки Де Јонг кој ќе слета на „Камп Ноу“ во летниот преоден рок.

За Иван Ракитиќ има сериозен интерес од Челси, а се споменува дека и Манчестер Јунајтед и Арсенал ќе ја разгледаат ситуацијата околу Хрватот.