Рамос е неверојатен мајстор: Вчера постигна рекорд кој трае веќе 14 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ја победија Џирона во гости со високи 4-1. Еден од стрелците беше Серхио Рамос кој така продолжи неверојатна серија.

Рамос во Реал Мадрид пристигна пред 14 години од Севилја, а од пристигнувањето во секоја сезона во Ла Лига постигнуваше барем по еден гол, а тоа е одлина статистика.

Секако, добро е познато дека Рамос е опасен од било каков прекин, посебно кога станува збор за скокови, а синоќа против Џирона погоди од пенал.

Дефинитивно може да го споменеме и тоа дека стана еден од најсигурните изведувачи на пенали во последно време, а тоа почна по огромното промашување против Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампиони.