Рамос и Бензема во епизода: „Договор куќа гради“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид во второто коло на Примера убедливо ја совладаа Жирона со 4:1. Иако каталонците поведоа со 1-0, се случи тотален пресврт.

Следеа два пенали за Реал Мадрид кои ги реализираа капитенот на тимот Рамос и Карим Бензема.

Победата ја запечатија Бејл и Бензема со свој втор погодок, а на шпанската јавност во очи и падна договорот на Рамос и Бензема.

Имено, на Рамос му беше потребен еден гол за да застане рамо до рамо со Лео Меси постигнувајќи гол во 15 сезони едноподруго.

Рамос побара од Бензема да го изведе пеналот и дека следниот ќе му го препушти нему кога ќе биде досуден.

Рамос погоди, а во второто полувреме беше досуден уште еден пенал, па Франнузинот побара потврда од капитенот кој потврдно климна со главата

Бензема го најви новиот триумф на екипата, а веројатно договорот навистина „куќа гради“.