Рамос „лајкнува“, а тоа ги боли останатите: Потег по кој соиграчите ќе му го свртат грбот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид изминатиот викенд доживеа вистински дебакл во големото дерби против Барселона.

Кралевите на „Ноу Камп“ беа поразени со 5:1, а овој потег го чинеше тренерот Лопетеги кој заработи отказ.

Големи критики следеа по овој пораз на адреса на ѕвездите на клубот. На една од нив реагираше и капитенот Серхио Рамос, но тоа нема да им се допадне на нивните соиграчи.

Рамос на инстаграм „лајкна“ објава во која се критикуваат голем број од неговите соиграчи, и во која се тврди дека само тој и Марсело единствено заслужуваат пофалба.

Ваквиот потег на капитенот сигурно нема да им се допадне на остатокот од екипата кои се во прилично лошо расположение.