Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинеската групација која требаше да го купи Милан, во целост ќе се распадне.
Сопственикот на тимот на Милан, Берлускони одлучи да го продаде клубот, но по се изгледа дека на крајот нема да има ништо од тоа.
Италијанските медиуми тврдат дека членови ја напуштиле оваа групација, меѓу кои е и една кинеска банка која гарантираше инвестиција од 150 милиони евра.
Превземањето на клубот исто така е одложено и постои голема можност да нема ништо на крајот од оваа инвестиција.
Наводно поготвеност за инвестиција покажал Јонгхонг. Сепак, иако неговото име се поврзува со превземањето на клубот, тој е целосно непознато лице во овој кинески бизнис и исто така предизвикува голем сомнеж.
Продажбата на Милан требаше да се комплетира во наредните денови, но по се изгледа дека нема да има ништо на крајот од тоа.