Расплет во Премиер лигата – Еве што вели „супер-компјутерот“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред последната третина во англискиот шампионат на сцена повторно се појави „суперкомпјутерот“ кој даде одговори на сите прашања поврзани со конечниот пласман на табелата.

Многумина велат дека шампионската трка е завршена и дека Челси не може да испушти 10 бодови предност, но во историјата сме биле сведоци и на поголеми пресврти.

Ако може да му се верува на компјутерот, Челси ќе остане на врвот до крајот и ќе ја освои титулата. Втора позиција ќе биде Тотенхем, а зад нив ќе дојдат Арсенал.

Следи интересниот дел, распоредот од 4-то до 6-то место и пласманот во зоната на испаѓање.

Компјутерот вели дека Ливерпул и Јунајтед нема да се пласираат на 4-то место кое води во ЛШ, односно дека тимот на Мурињо ќе заврши на 5-то, а тимот на Клоп на 6-то место.

Што се однесува до борбата за опстанок, односно елиминацијата од ПЛ, компјутерот тврди дека Лестер, Сандерленд и Кристал Палас ќе испаднат од лигата.

Еве како изгледа конечниот пласман:

1. Челси
2. Тотенхем
3. Арсенал
4. Манчестер Сити
5. Манчестер Јунајтед
6. Ливерпул
7. Евертон
8. ВБА
9. Вест Хем
10. Бурнмут
11. Стоук
12. Саутемптон
13. Вотфорд
14. Барнли
15. Миделсброу
16. Свонси
17. Хал Сити
18. Лестер
19. Сандерленд
20. Кристал Палас.