Распродажба во Париз – Половина ПСЖ е на трансфер листа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Унај Емери во наредната сезона би можел да влезе со целосно реновиран тим.

Од францускиот шампион е уште една разочарувачка сезона во Европа, а постои голема можност Монако да им ги расипе плановите во првенството, каде што се води голема борба.

Раководството од Париз полека се подготвува за наредната сезона, која би можела да донесе многу измени во тимот.

Голем број фудбалери се наоѓаат на излезните врати на клубот. Емери не смета на голем дел од фудбалерите, меѓу кои се и некои големи ѕвезди.

Тоа што е сигурно е дека членови на ПСЖ од наредната сезона нема да бидат Сиригу, Бен Арфа и Родригез.

Тие на крајот на сезоната ќе побараат нов клуб, затоа што договорот со нив ќе биде раскинат.

Се споменуваат заминувања и на Орие, кој го сакаат Јунајтед и Барселона, а меѓу имињата кои би можеле да го напуштат ПСЖ се Верати, Краховијак, Пасторе и Ди Марија.

Емери не е задоволен со некои играчи од оваа листа. Се одлучи за големи измени и тој во наредната сезона би можел да смета на нови фудбалери.

Многу имиња се поврзуваат со ПСЖ, но треба да се почека да дојде лето.