Рафаел Надал – Очекувам спектакл против Роџер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лавовска битка беше видена во второт полуфинале помеѓу Надал и Димитров.

Повеќе од 5 сетови на теренот поминаа тие 2 тенисери, а на крајот победи Рафа со 3:2 во сетови и така избори пласман во финале на АО.

Таму ќе го пречека Федерер, кој во првиот натпревар до ½-финале беше подобар од Вавринка.

„Му честитам на Григор за одличната претстава. Беше многу тешко да се дојде до финалето. Зад мене е тежок период, не очекував дека повторно ќе играм финале во Мелбурн.“

„Се надевам дека брзо ќе се одморам и ќе го дадам својот максимум. Се радувам на новиот дуел со Федерер и верувам дека публиката ќе ужива. Ова е голем момент за двајцата.“

Надал и Федерер имаат одиграно 34 натпревари, а Надал има 23 победи.