Рафаел Надал – Победа за самодоверба и враќање на самиот врв!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со победата против Раониќ, Надал по прв пат по 2 и пол години избори пласман во полуфинале на еден Грен Слем.

Шпанецот изгледаше импресивно во дуелот со Раониќ и по 2 часови и 46 минути победи со 3:0 во сетови.

„Оваа победа ми значи многу затоа што имав тешки моменти во кариерата. Се борев да се вратам во врвот, а ова е првиот чекор. Беше многу тешко, но успеав во своите намери и се пласирав во ½-финале.“

„Григор е одличен играч. Многумина му предвидуваа дека ќе стигне до тука и ќе отиде во самиот врв на АТП листата, а сега конечно тој го оправда својот квалитет. Оваа сезона не знае за пораз и ќе мора да одиграм многу добро за да се надевам дека ќе поминам во финале.“

Во првото ½-финале ќе играат Роџер Федерер и Станислав Вавринка.