Рафаел Надал – Челични нерви и силна глава!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер во светот, Рафаел Надал беше презадоволен по победата против Александар Зверев и пласманот во 1/8-финале на АО.

Тој два пати имаше негатива, но по повеќе од 4 часови успеа да победи.

„Беше ова тешка борба. Видовте неколку интересни поени, брејкови, падови и успеси. Зверев играше многу добро. Вториот сервис му беше одличен и бев цело време под притисок.“

9-от играч во светот изјави дека морал често да менува стилови.

„За мене најважно е дека сум физички многу добар, а и на психолошки план сум во добра ситуација. Имам челични нерви во критички моменти. Среќен сум и задоволен што поминав понатаму.“

Тој во 1/8-финале ќе игра против Гаел Монфилс кој претходно беше подобар од Колшрајбер со 3:0 во сетови.