Рашфорд: Имаме план да го освоиме Светското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Англија и е потребен само бод за да се пласира на Светското првенство кое се игра во Русија.

Англичаните играат против Словенија и Литванија и без сомнение без проблем да стигнат до Русија.

Репрезентацијата на Англија стандардно добро игра на квалификациските турнири, но иако се редовни учесници, на големите натпреварувања има големи проблеми.

Очекувањата на нацијата се огромни, а за тоа зборуваше и играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

„Го правиме она што најдобро го знаеме, имаме вистински план и интензитет да го освоиме Светското првенство. Реални сме, дури и кога ги гледаме натпреварите во репрезентацијата“- истакна Маркус Рашфрод.