Рајо Ваљекано избира меѓу Димитриевски и новиот голман на Реал Мадрид

Од таборот на Рајо Ваљекано се во потрага по голман кој ќе ја чува нивната мрежа по враќањето во Ла Лига.

Во игра се две опции и тоа, новиот голман на Реал Мадрид, кој во Рајо би пристигнал како позајмен фудбалер, Андриј Лунин, како и нашиот Столе Димитриевски кој се уште е во потрага по нов клуб.

Лунин пристигна ова лето во Мадрид од Зорја, но тешко дека ќе добие шанса покрај Куртоа и Навас. Токму затоа доста реална е опцијата тој да продолжи во Ваљекано.

Можно е Рајо да дејствува брзо и во последните денови од преодниот рок за нешто повеќе од еден милион евра да го донесе нашиот репрезентативец, Столе Димитриевски.