Реал Мадрид збесна по „новиот Роналдо“, а Бенфика бара – богатство за тинејџерот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот 19-годишен фудбалер на Бенфика, Жоао Феликс сезонава игра фантастично, па привлече голем интерес на многу европски гиганти, меѓу кои и на Реал Мадрид и Барселона, кои ќе се борат за неговиот потпис наредното лето.

Крилниот напаѓач ги воодушеви сите со своите настапи сезонава, па одличната форма ја покажа и во дербито против Спортинг Лисабон (4-2), кога беше стрелец во мечот.

Феликс многумина го сметаат за наследник на Кристијано Роналдо, а тоа го покажува и интересот на клубови како Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед, а Бенфика бара 120 милиони евра за неговиот потпис, колку што изнесува откупната клаузула.

Младиот фудбалер има договор со португалскиот клуб до 2023 година, а тоа значи дека Бенфика е во пол-позиција во преговорите, па заинтересираните страни ќе мора многу да се потрудат за да го откупат.