Реал Мадрид нуди 350 милиони евра за ѕвезда на ПСЖ и плата од која – боли глава!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е подготвен да го урне трансфер-рекордот и за 350 милиони евра да ангажира една од најголемите ѕвезди на ПСЖ, односно Нејмар, кој во моментов не настапува поради повреда.

Шпански „Спорт“ пишува дека „кралевите“ сакаат да го направат Нејмар најплатен фудбалер во светот со плата од 45 милиони евра, па така ќе го надмине својот поранешен соиграч Лионел Меси.

„Кралевите“ проценија дека ангажирањето на Нејмар е пореално, отколку да се обидат да го ангажираат Килијан Мбапе од ПСЖ, кој би сакал да остане во татковината.

Бразилецот се пресели во Париз за да излезе од сенката на Лионел Меси во Барселона и да го освои трофејот во Лигата на шампиони, но веќе две години не му успеа тоа, откако сезонава беше елиминиран неговиот тим од Манчестер јунајтед.

Нејмар во моментов е повреден, а тој пред две години го урна трансфер-рекордот, откако за 222 милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ.