Реал Мадрид одредни примамлива цена за Иско


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Реал Мадрид на крајот на сезоната најверојатно ќе ги напушти редовите на актуелниот шампион на Европа.

Договорот на Иско со Реал Мадрид истекува за 18 месеци и засега нема индикации дека може да го продолжи, па се укажува на тоа дека од наредната сезона ќе го гледаме во некој друг клуб.

Како што наведуваат странските медиуми, Реал Мадрид ја одреди цената за Иско која изнесува 35 милиони евра, што е многу прифатливо за потенцијалите купувачи.

Со оглед дека Реал не сака да дозволи нивното некогаш скапото засилување од Малага (платен 30 милиони евра) од Бернабе да замине за мали пари или дури бесплатно, овие 35 милиони евра би биле добра оштета за фудбалер на кого договорот брзо истекува.

За услугите на шпанскиот репрезентативец заинтересирани се Јувентус, Челси, Сити, Интер, Тотенхем, па дури и ривалската Барселона.