Реал носи талент од Валенсија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија, Реал Мадрид го договорил првото засилување во јануарскиот преоден рок.

Според информацијата нов член на актуелниот првак на Шпанија ќе стане младиот напаѓач на Валенсија, Рафа Мир.

Овој 20 годишен фудбалер е импресивен во дресот на Б тимот на „Лилјаците“. Оваа сезона има постигнато 15 голови на 17 натпревари и така го привлече вниманието на Реал Мадрид.

Договорот наводно е постигнат, а Мир до крајот на сезоната веројатно ќе игра во Б тимот на Реал Мадрид.