Реал одлучи – Новиот лев бек ќе биде шпанец и ќе чини 30 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Отпаднаа Алонсо и Родригез, остана уште Зидан да избере.

Маркос Алонсо е само сон бидејќи Челси нема намера да го пушти, Рикардо Родригез не е толку добар во Волфсбург како во минатите години, па Реал се освежи бидејќи во план се нови две имиња кога се работи за позицијата лев бек кои мадриѓани ја означија како приоритет во летниот преоден рок.

Фабио Коентрао повеќе време поминува втеретана отколку на терен, па европскиот шампион има само еден лев бек, Марсело. Кога го нема во тимот бразилецот, Начо го крпи тој дел од теренот.

Изборот на Реал се шпанци. Првиот е Јури Берчиче, 27-годишниот фудбалер на Реал Сосиедад, а вториот е Арон Мартин, 20-годишниот фудбалер на Еспањол.

Цената на двата фудбалери е идентична. Сумата од 30 милиони евра стои во договорот како клаузула. Ако се определат за иднина, нема дилеми дека Реал ќе го избере Мартин кој ја помина школата на Еспањол и играше за сите млади репрезентации на Шпанија.

Адутот на Берчиче е искуството. Можеби таков му е потребен на Зинедин Зидан.