Реал пронајде наследник на Пепе: Стигнува млад ѕвер од Бундеслигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одма после вестите дека Пепе заминува од Реал Мадрид стигна и таква за негов наследник.

Наводно во прашање е Хесус Ваљехо кој како позајмен настапува за Ајнтрахт Франкфурт.

Бразилецот со португалски пасош ќе настапува во Мадрид до крајот на сезоната и веројатно ќе замине во Кина.

Повеќе за тоа ТУКА.

Шпанските медиуми блиски на Реал се занимаваат на големо по прашањето за негов наследник.

Се споменува Маркињос од ПСЖ и Хименез од Атлетико, но се чини дека наместо овие скапи засилувања Зинедин Зидан ќе се сврте на свој играч кој се кали кај Хрватот Нико Ковач.

Ваљехо има одлична полусезона во Франкфурт, а неговиот клуб по првиот дел од натпреварувањето заврши на одличното четврто место со само 12 примени голови.

Нормално, голема заслуга за тоа припаѓа и на Ваљехо, кој брзо стана еден од главните играчи на Ајнтрахт.

Веројатно на крајот на сезоната ќе се веати на Сантијаго Бернабе, т.е кога Пепе и официјално ќе ги напушти Кралевите.

Младиот играч од Сарагоса на почетокот на годината ќе наполни 20 години и Зизу го гледа како иделна замена за двоецот Серхио Рамос – Рафаел Варан.

Дали ќе биде единствено засилување во одбраната ќе видиме на лето, бидејќи тогаш Мадриѓаните повторно можат да регистрираат нови играчи после што Спортскиот арбитражен суд во Швајцарија ја намали казната од страна на ФИФА.