Реал се мачеше, а на крајот на наполни мрежата на Џирона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид победија на првиот натпревар од четвртфиналето на Копа Дел Реј против тимот на Џирона со 4:2.

Во Мадрид изненадувачки до предност дојдоа гостите уште во седмата минута. Само десет минути подоцна, Лукас изедначи на 1:1.

Рамос во 42. минута зголеми на 2:1 со гол постигнат од пенал. Тоа беше се за првиот дел, а во второто полувреме видовме уште три погодоци.

Во 66. минута Гранел погоди за 2:2, но Реал за само три минути стекна предност од два погодоци. Најпрво Рамос со својот втор погодок во 77. минута ја врати предноста на Реал, за во 80. минута Бензема да ги постави конечните 4:2.