Реал ја одреди и цената, Родригез бира меѓу два клуба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејмс Родригез ги брои последните денови во Реал Мадрид.

Како што пренесе добро информираната Марка, Колумбиецот ќе го напушти Реал Мадрид во претстојниот преоден рок, а клубот дури и ја одреди и цената за заинтересираните.

Мадридскиот весник пишува дека Флорентино Перез бара 75 милиони евра за негов трансфер, односно пет помалку од сумата која ја даде за неговиот потпис во летото 2014 година.

Во последните недели Манчестер Јуајтед фигурираше како најверојатна дестинација за Родригез (повеќе за тоа ТУКА), меѓутоа, Марка пишува дека не треба да се исклучи ниту Челси.

Важна улога за овој трансфер може да одработи агентот Жорж Мендеш кој ги застапува и Жозе Мурињо и Родригез, па зделката треба да оди во таа насока.

Не е тајна дека Мурињо бара нова „десетка“, Вејн Руни заминува на лето, а таа позиција е загрозена во мозаикот на Жозе и токму тоа го гледа во Колумбиецот.

Сепак, постои и еден мал проблем, а тоа е интересот на Зинедин Зидан за Еден Азар, па Реал може да го искористи токму Родригез во евентуална замена.

Меѓутоа, Мадриѓаните исто така го сакаат и Де Геа од Јунајтед, па така со Родригез имаат кец во ракавот на двете страни.

Засега пореално е Родригез да оди во Јунајтед, но ќе видиме дали Антонио Конте ќе проба да ги поремети тие планови.