Реал ќе мора да го урне светскиот рекорд: Челси ја одреди цената за Азар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за Еден Азар, поради што Челси има голем притисок. Тие мора да се соочат со фактот дека Белгиецот најверојатно ќе замине, но ќе се обидат да добијат многу пари за неговиот потпис.

Реал сака да го замени Кристијано Роналдо, додека  Барселона бара играч кој ќе го пополни местото, кое беше „резервирано“ за Антоан Гризман, кој реши да остане во Атлетико Мадрид.

Челси би сакал да остане Азар, но бидејќи таквата веројатност е многу мала, „сините“ сакаат 225 милиони евра за неговиот потпис.

Тоа е рекордна сума, поголема и од тие 222 милиони евра колку што плати ПСЖ за Нејмар, па останува да се види дали шпанските гиганти се подготвени на ваков потег.