Револуција во Свонси: Тренерот на Баерн го превзема тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Свонси утре ќе добие нов менаџер.

Станува збор за англискиот тренер Пол Клемент, кој моментално е помошник на Карло Анчелоти.

Клемент ги договори сите услови за преминувањето во клубот и на почетокот на неделата ќе ја превзема тренерската одговорност.

Во почетокот на октомври беше отпуштен Франческо, а потоа и Боб Бредли, па Клемент ќе биде трет тренер.

Свонси по 19 кола има 12 бодови и е на последно место на табелата.

44-годишниот Клемент досега работеше со Анчелоти во Челси, ПСЖ, Реал и Баерн.