Реина може да си ги пакува куферите – Наполи најде нов голман?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Наполи планираат на крајот на сезоната да донесат нов голман.

Бидејќи Реина од наредната сезона ќе биде најверојатно втор избор, или ќе го напушти тимот, управата на тимот веќе тргна во потрага по нов голман.

Ако може да им се верува на медиумте, прв на листата на желби е Перин кој моментално брани за Џенова.

Перин во минатиот период имаше големи проблеми со повредите.

Иако е уште релативно млад, проблемите со коленото го направија Перин да ја пропушти скоро цела сезона, како и ЕП.

Според медиумите, Перин веќе се договорил со Наполи, а трансферот ќе биде реализиран ако ги помине лекарските тестови.