Репрезентативците тренираа во Торино (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската репрезентација денес претпладне тренираше на „Стадио Олимпико“ во Торино каде утре со почеток од 20:45 часот ќе се сретне со домашната репрезентација на Италија.

Утрешниот натпревар е претпоследен за нашата репрезентација во квалификацискиот циклус за Светското првенство кое во 2018 година ќе се одржи во Русија.

Репрезентативците под палката на селекторот Ангеловски во одлична работна атмосфера го поминаа официјалниот тренинг пред натпреварот со четирикратниот светски првак.