Решението за „Кралевите“ е во рацете на клубот од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид има проблеми со завршницата, а решението го пронајдоа во Серија А.

Дали еден од најдобрите фудбалери во Серија А во овој момент е решението за Мадриѓаните?

„Ас“ денес пренесува едека Криштоф Пјатек е потенцијалното решение за Реал, Полјакот игра фантастично во дресот на Џенова, за него интерес имаат бројни европски екипи, па и Реал кој има проблеми со завршницата.

Пјатек постигна 13 погодоци во сезоната во Серија А, а единствено можно решение во овој момент за Реал е позајмица со право на откуп.

Во управата на Џенова задоволно ги тријат рацете, би можел овој фудбалер многу лесно да им донесе огромна сума на пари.

Далеку Пјатек е подобар стрелец во Серија А отколку што се Бензема, Бејл и останатите во редовите на Реал, Бензема е прв стрелец со седум погодоци, Бејл и Рамос имаат по четири и Марсело 2.