Ривалдо: Нејмар порано или подоцна ќе се пресели во Реал Мадрид!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Поранешниот играч за врска на Барселона, Ривалдо, смета дека неговиот сонародник и играч на ПСЖ, Нејмар, ќе се пресели во Реал Мадрид.

Летово се шпекулираше дека Нејмар би можел по само една сезона да го напушти ПСЖ и да се пресели во Мадрид, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Сепак, Ривалдо смета дека ќе се случи таков трансфер.

„Верувам дека Нејмар и наредната сезона ќе игра во Франција, но во фудбалот никогаш не знаете што ви носи следниот ден. Постојат сите опции додека трае преодниот рок. Засега, морам да верувам во неговите зборови дека ќе остане во ПСЖ, но знам дека еден ден ќе заигра за Реал Мадрид“, вели Ривалдо.

Да потсетиме, ПСЖ минатото лето го плати Нејмар дури 222 милиони евра на Барселона и беше тешко да се поверува дека по само една сезона Бразилецот ќе го напушти клубот, иако екипата испадна во осминафиналето на Лигата на шампиони.